Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со претставници од Европскиот комитет за превенција од тортура .На средбата присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски.
Претставниците на комитетот беа информирани за активностите кои се преземени по првично дадените препораки за состојбите во КПУ.Договорено е во наредниот период да се презeмат интензивни мерки за подобрување на условите во казнено поправните установи.