Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
<октомври 2024>
повтсрчепесане
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Тупанчески:На бизнисот му се потребни стабилно и превидливо деловно опкружување, независно и транспарентно судство

 Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на панел дискусијата на тема,, Владеење на правото за економски раст. Осврнувајќи се на развојот и соработката на Македонско-Германското стопанско здружение, Тупанчески рече дека на бизнисот му се потребни стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции, независно и транспарентно судство. 


Бизнисот секогаш бара правна сигурност, стабилност и континуитет, а еден од основните предуслови е да функционира владеењето на правото.
Довербата во институциите е од клучно прашање и затоа треба да се преземат низа мерки, активности и промени кои ќе придонесат да се зајакне довербата во државата, но и во судството..

 

Еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите е зголемување транспарентноста во работење на судовите. ,,Министерството за правда во последните измени на Законот за судовите и на Законот за судски совет, се раководеше  меѓудругото и од овие постулати, се со цел да се обезбеди владеење на правото и воедно да ја зајакне правната сигурност на граѓаните и компаниите во судскиот систем. Подобрување на бизнис климата ќе се овозможи и со процесот на дигитализација на судството. Со неа ќе се забрзаат постапките на сите нивоа, ќе се намали корупцијата, ќе се олесни доставувањето на докази и документи, а ќе се подобри и комуникацијата меѓу засегнатите страни и институциирече Тупанчески.


Претходна

Средба - Министерот за правда Никола Тупанчески со Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани

Следна

Тупанчески :Работната група за нов Изборен законик ќе се формира, поканата за учество на ВМРО ДПМНЕ останува отворена