Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Работна група ќе ги утврдува сите аномалии на Законот за извршување на санкции

Со цел да се надминат сите состојби кои се однесуваат на т.н   „затворски туризам" односно начинот на упатување на осудените лица на казна затвор како и други проблеми и решенија кои се во насока на усогласување на Законот за извршување на санкциите со меѓународните стандарди од областа на извршувањето на санкциите, Министерот за правда со решение уште од 16.06.2022 година формира работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите.

Работната група започна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции. Беше утврдена и динамиката на работа на работната група а се дадоа и задолженија со цел обезбедување на податоци кои ќе бидат неопходни на работењето за следниот состанок.

Доставени се барања до сите основни судови и судови со проширена надлежност на РСМ со цел да дадат свои конкретни предлози во однос на примената на Законот за извршување на санкциите, примената на институтот условен отпуст на осудени лица, прекин  на казна на осудени лица и др. Во моментов стручните служби на Министертсвото за правда и Управата за извршување на санкциите работат на прибирање и обработка на овие податоци.


Претходна

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.