Почитувани
Ве известуваме дека министерот за правда Никола Тупанчески утре (20.10.2022) во 10 часот ќе се обрати на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата“ кој ќе се одржи во ,,Дабл три-Хилтон”-Скопје.
На децата во Република Северна Македонија им треба фер правосуден систем прилагоден на нивните потреби за да можат да ги остварат своите права и да имаат пристап до правосудниот систем кога нивните права се повредени или им се ускратени. Ова ќе биде можност засегнатите страни да се сретнат со младите лица, да направат преглед на реформите и да ги дефинираат областите за кои е потребно дополнително внимание.
Ве покануваме да го проследите настанот.
АГЕНДА