Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на веб страниците на судовите.

Министерството за правда ја разгледа  Иницијативата за  измена на членот 9 од  Законот за управување со движење на предметите што ја поднесе Судско -медиумскиот совет. 

 
На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со претставниците на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов, Емилија Шопар и Саније Дураку, договорено е измените да бидат вметнати во Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027. 
 
Со измените на законот ќе се овозможи јавно да се објавуваат  првостепените неправосилни пресуди на веб страницата на судот со посебна мерка: Пристап на јавноста до првостепените неправосилни пресуди со измени на Законот за управување со движење на предметите во судовите. 
 
Дел од прашањата за кои се дисутираше беше и потребата од транспарентност и отвореност на повисоките судови за јавноста како и наоѓање на соодветно софтверско решение за подобрување на судскиот систем. 
 
Министерството за правда во целост ги поддржува заложбите и активностите кои ќе придонесат кон зголемување на независноста, самостојноста, транспарентноста и интегритетот на правосудниот систем.
 
Со почит,
 
Министерство за правда

Претходна

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на наводите на Димитар Апасиев

Следна

Средба: Лога - Митевски