Министерот за правда Кренар Лога во Дневникот на Сител рече дека има информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за уставните измени за кои очекува да бидат доставени до Собранието во наредните десет дена.
,, Длабоко верувам дека ова лето ќе имаме уставни измени. Предлогот од наша страна повеќе од две-три недели е во владина постапка. Премиерот заедно со Мицковски седна и имаше некаков договор за поддршка, но се добиваше на време за уставните измени да одат во Собрание консензуално. Остануваат уште неколку денови. Процесот не е едноставен, бара широк консензус и две третини во Парламентот кои верувам дека ќе се обезбедат’’,изјави министерот за правда Кренар Лога.