Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Почеток на проектот ,,Пoддршка на ЕУ за владеење на правото”

 Владеењето на правото е еден од најважните принципи во поврзување на нашата држава со државите во Европската Унија. 

 
 Во овој момент, нашата држава се наоѓа во состојба кога треба да преземе решителни чекори во однос на подигнување на нивото на владеење на правото и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем, борба против корупцијата и организираниот криминал и обезбедување поголема заштита на човековите права и слободи.
 
Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители е донесен и со него се обезбедува нов начин на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стучна комисија. Направивме реформа со која од овој закон се очекува да се обезбедат високи критериуми, систем на ревизија,   транспарентност и јавност,  и создавање услови за избор на  судии и обвинители со висок интегритет.
 
Како држава сме посветени на процесот на дигитализацијата на правосудниот сектор, кој е круцијална реформа за добивање на поквалитетна и побрза правда за сите граѓани .Во оваа насока,  очекуваме да се изврши темелна надградба и на системот за управување со предмети во обвинителствата со поддршка од финансирањето на ЕУ ИПА III. 
 
Целта број 3 на овој Проект: “Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата“,  предвидува реализација на повеќе активности, наоѓање решенија за подобрување на системот за конфискација и поврат на имот како и јакнење на меѓу-институционалната соработка со цел за следење на состојбите со корупцијата, креирање и спроведување на политики за унапредување на превенцијата и борбата против корупцијата.
 
Со почит,
 
Министерство за правда

Претходна

Без Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да имаме борба против корупцијата и криминалот

Следна

Вонреден надзор во КПД Идрозво по наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп