Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2024>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6

Кренар Лога - делегација на ОБСЕ

 Во пресрет на Конференцијата на ОБСЕ-УНХЦР за пристап до информации за граѓаните и спречување на статусот на лицата без државјанство/апатриди во ЈИЕ, Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов, придружуван од Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, Високиот советник за правосудство Митра Џалали и Високиот советник, Тихана Леко се сретнаа со Министерот за правда, Кренар Лога, со кого разговараа за оваа тема,  но и за други теми од интерес.

Комесарот Абдрахманов, високо го цени постигнатиот успех со новите законски измени, благодарение на кои конечно е решен статусот на неевидентираните и лицата без државјанство, а го охрабри министерот Лога, уверувајќи го во поддршката на ОБСЕ и на самиот комесар во решавањето на предизвиците со кои  се соочуваат граѓаните воопшто, а посебно малцинствата. 
Министерот Лога рече дека е посветен на борбата против дискриминацијата, унапредувањето на правата на припадниците на сите заедници и етнички малцинства во земјава и истакна дека благодарение на наведениот закон, досега се примени 300 пријави од неевидентирани  лица, а дел од кои веќе го имаат решено  статусот,  додека другиот дел чека.
Лога ја извести делегацијата на ОБСЕ дека во блиска иднина планира да донесе нов закон за правична и соодветна застапеност, за што ќе биде формирана Работна група и нагласи дека ќе биде неопходен придонесот на меѓународни експерти. За последното истакна  дека се надева на поддршката од ОБСЕ, за подготовка на најквалитетен закон со кој ќе се обезбеди и стопанското право на малцинствата, правото на работа и соодветна застапеност пред институциите.
На средбата, комесарот Абдрахманов ги поздрави досегашните постигнувања и увери дека ОБСЕ ќе го поддржи Министерството за правда и  нашата земја во сите позитивни чекори и проекти за доброто на граѓаните и еднаквоста на заедниците во земјата.
На средбата се разговараше и за размена на искуства, изнаоѓање позитивни случаи во други земји кои ќе послужат како модел за решавање на слични предизвици, со кои се соочува земјата и граѓаните на РСМ.

Претходна

Oсобена чест да се одржи средба во Департментот за правда на САД, со високи претставници на чело со заменик-помошникот јавен обвинител и советник за меѓународни односи, г. Брус Ц. Сварц.

Следна

Министерството за правда во соработка со тимот од Проектот за владеење на правото организираше работна средба со членовите на работната група за планирање на активностите за финализирање на Предлог – Развојната стратегија за правосуден сектор 2023-2027