Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, присуствуваше на состанокот на високо ниво за обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи.

 Решавањето на децениските проблеми во нашиот пенитенцијален систем беа вистински предизвик за оваа Влада. Свесни сме дека ни е потребна силна политичка волја, време и темелни реформи за да може заеднички да го забрзаме нашиот напредок и да ги отпочнеме преговорите со Европската Унија.

Националните здравствени политики, програми и протоколи е потребно подеднакво да се применуваат во затворите. Во затворите мора да се интегрираат особено програми за превенција, третман и грижа за посериозни болести и проблеми со менталното здравје.
Се заблагодаруваме на Советот на Европа што континуирано даваат поддршка во процесот на модернизирање и подобрување на условите во затворскиот систем за што со нивна соработка беа организирани повеќе обуки за здравствените работници.
Само непосреден и немилосрден фокус на одржување, инфраструктура и екипирање ќе ни овозможи да напредуваме понатаму и само така ќе успееме да ги решиме системските проблеми.

Претходна

Министерството за правда во соработка со тимот од Проектот за владеење на правото организираше работна средба со членовите на работната група за планирање на активностите за финализирање на Предлог – Развојната стратегија за правосуден сектор 2023-2027

Следна

МИНИСТЕРОТ ЛОГА ГО ОТВОРИ МИНИСТЕРСКИОТ ФОРУМ ЗА ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ