Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје, Клуб на пратеници

Трета седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Се одржа третата седница на работната група за реформи во изборното законодавство. Главна цел на работната група е да ги вгради препораките од ОБСЕ/ОДИХР во текстот на законикот.

Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ денеска ја отвори третата седница на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство. Во своето поздравно обраќање истакна дека е задоволна што преку инклузивен процес работната група успеала да ги усогласи препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои содејствуваат со нашиот изборен модел и да ги преточат во новиот Изборен законик.

Претседателот на РГ, Александар Новаковски изрази благодарност на помалите работни групи за досегашниот придонес и истакна дека Изборниот законик за да ги следи сите европски стандарди потребно е да се врати довербата во институциите. Доколку нема сплотеност на институциите не ќе може да спроведеме изборен процес кој ќе биде добар во сите сегменти.

Во името на Министерот за правда, Кренар Лога, Шефицата на неговиот кабинет, Арбереша Селими, ги поздрави членовите и им се заблагодари за досегашната работа и го истакна задоволството што овој пат измените на ИЗ и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се прават неколку дена пред изборите, туку 6 месеци пред одржување на изборите, како што налагаат и препораките од ОБСЕ/ОДИХР.

По презентација на работната верзија на текстот и по добиените мислења и препораки, работната група ке се состане уште еднаш за да го финализира текстот.


Претходна

Соопштение

Следна

Забелешки на МП на Извештајот за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија