Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2025>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.

„Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и  правдата ќе излезе на виделина” рече Лога.

Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува  а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.

„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотната казна затвор е најмала казмна што треба да ја изречат нашите институции" изјави Лога.


Претходна

На ЕНЕР е објавен Нацрт законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи

Следна

Лога: Насилството врз жените и девојчињата не смее да биде приватна работа, кривична одговорност мора да има