Причините за донесување на нов Закон за борба со допингот во спортот и негово спречување, се од исклучителна важност за нашата земја бидејќи претставува потреба за унапредување на оваа област и е основа за натамошни активности со цел унапредување на оваа сфера.
Анализата за состојбата и остварувањето во делот на допингот засега се на маргините, и сето тоа бара оваа област да се регулира во целост.
Законот за борба со допинг во спортот и негово спречување се базира на одредбите од Европската конвенција за спречување на допинг во спортот на Советот на Европа, Меѓународната конвенција против допинг во спортот на УНЕСКО и Светскиот Анти Допинг Код од 2021 година, чии одредби стапија во сила на 1 јануари 2021 година.
Носењето на Законот произлегува од потребата од усогласување на законските прописи на Република Северна Македонија со основните принципи на новиот Светски Анти Допинг Код и најважните одредби кои ги операционализираат тие принципи.
Во член 3 од Законот за ратификација на Меѓународната конвенција за борба против допингот во спортот, Република Северна Македонија се обврза дека ќе ја постигне целта на Конвенцијата:
а) да донесе соодветни мерки на национално ниво кои се во согласност со принципите на Светскиот Анти Допинг Код;
б) поттикнување на сите форми на меѓународна соработка насочени кон заштита на спортистите, етиката во спортот и размената на резултатите од истражувањето;
в) поттикнување на меѓународната соработка помеѓу земјите учеснички и водечките организации во борбата против допингот во спортот, особено Светската Анти Допинг Агенција.
Надзорот за усогласеноста со единствената светска анти-допинг политика го врши Светската Анти Допинг Агенција, која потврдува дека работата на националните антидопинг организации е во согласност со Светскиот Анти допинг Код.