Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Анкара, Република Турција

Лога и Тунч во Анкара разговараа за екстрадиција на Палевски

На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.

Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство.


Претходна

Лога-Тунч во Анкара: Меѓусебната соработка ќе се интензивира на сите нивоа во правосудството

Следна

Лога го посети Големото народно собрание во Турција