Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Собранието го донесе Законот за спорт

Законот беше предложен од Министерството за правда и со него се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво вонашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.

Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување/поттикнување, во Законот за спортот се предвидува даночно поттикнување за спортките субјекти со воведување на ваучерски систем согласно кој точно ќе бидат утврдени надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање на ваучери.


Претходна

Министерот Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд за укинување на уште еден пропис по поднесена Иницијатива за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник.

Следна

Министерот за правда Кренар Лога во работна посета на Кралството на Саудиска Арабија