Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Саудиска Арабија
<февруари 2025>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9

 За време на неговиот престој во Кралството на Саудиска Арабија, министерот Лога ја посети и Централната лабораторија за дигитализација, односно Центарот за дигитализација на недвижности, при што инж. Ахмед Алсаламн од близу го запозна со начинот и фазите на дигитализацијата, од самиот почеток уште од селекција на документите, внесување и ревизија, трансферот во лабораториите за дигитализација, стерилизација и реставрација, скенирање и архивирање, контрола на квалитетот пред конечното снимање и доделувањето на единствен код на секој документ. Во центарот за дигитализација  се обработуваат и стари тапии кои се долги над 3 метри и стари над 100 години, а воедно беше презентирано дека централниот архивски објект има капациет за дигитализација на 115.000 метри документи.

Преку воведување на нови услуги, односно дигитализација на имотните листови, е-плаќање данок на имот, е-пренос на имот во рок од 60 минути и делење на станбените единици во рок од неколку секунди, а не во месеци, се олеснило целокупното работење на поголем број на институции и со тоа се придонело кон поефикасно и поквалитетно работење. 

На крајот од посетата министерот констатира дека споделените искуства од страна на колегите од Кралството на СА ке придонесат да се овозможи целосна  дигитализација на правосудство и во нашата земја.

Претходна

Средба Лога-Ал Самани во Саудиска Арабија

Следна

Реакција на Министерството за правда за протестот „Стоп за извршителите“