Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

 Советот се формира заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Како што е познато ,Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 26.12.2023 година ја усвои Развојната Секторска Стратегија за Правосудство (2024 – 2028) со нејзиниот Акциски план.

 
Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план.
Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови  се:
По функција :
  • Министерот за внатрешни работи;
  • Министерот за информатичко општество и администрација;
  • Министерот за финансии;
  • Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања;
  • Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење;
  • јавен обвинител на Република Северна Македонија;
  • претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија;
  • претседател на Судски совет на Република Северна Македонија;
  • претсетедател на Совет на јавни обвинители Република Северна Македонија.
 
Други  членови  се:
  • Академик Владо Камбовски;
  • Вера Коцо, судија во пензија;
  • Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
  • Слаѓана Тасева, поранешна претседателка на Транспаренси интернешнл – Македонија;
  • Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
  • Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје;
  • Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
  • Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда;
  • Марија Николовска Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања;
  • Жарко Хаџи Зафиров, претставник од БЛУПРИНТ групата за правосудство;
На седниците по потреба ќе присуствуваат и ќе ја следат работата и други министри , заменици на министри и функционери кои раководат со органи на джавната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здрженијата на судии, на јавни обвинители, на судска служба и јавнообвинителска служба.

Претходна

Државниот секретар Мухамед Точи присуствуваше на дебатата ,, Надоместок на жртви од кривични дела со насилство” организирана од БЛУПРИНТ групата за реформи во правосудството

Следна

Собранието со 78 гласови ,,ЗА” го донесе Предлог законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санциите