Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Собранието со 78 гласови ,,ЗА” го донесе Предлог законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санциите

Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите, така и генерална и општата безбедност во државата, пред се преку воспоставување на законска основа и формирање на единици за затворско разузнавање и единици за интервенции,  воспоставување на систем за видео надзор и користење боди камери во установите,  намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на права од работен однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ.

Покрај, зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата со овој Предлог на закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем. Постојат повеќе причини за донесување Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, како на пример менување во голем дел на кривичното законодавство во земјава, со тоа и Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите како важна алка во кривичното законодавство и кривичноправниот систем во целина, потоа менување на затвореничката структура во Македонија, а во голем дел појавата на се поголем број на радикализирани осудени лица, потребата од заострување на начинот на кој што осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во истата.


Претходна

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

Следна

Министерството за правда им го честита 31 март-денот на правосудството