Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе првото место на студентите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа

 Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе првото место на студентите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа  кои победија на меѓународниот натпревар за симулирано судење во Тирана во конкуренција на 16 тимови од правни факултети од Албанија, Косово и Северна Македонија.

 
Министерот Лога им се заблагодари на  студентите  , Гентијана Река Хасипи, Елона Зендели, Ера Ѓакова и Флутра Џемаили за постигнатиот успех  под менторство на професорката Ведије Раткоцери и им посака со своето знаење да дадат придонес и токму тие да бидат двигателот за промени во системот и општеството.
Натпреварите се одржале во две фази, во фазата на подготовка и доставување на документи за соодветните судски предмети, во која фаза биле дисквалификувани некои од факултетите а во втората и завршна фаза, останатите тимови продолжиле со симулирано вербално судење.
Тимот на УЈИЕ имал одличен настап во сите фази бил високо оценет од жирито за професионалната подготовка , за направеното истражување и за високото ниво на пристигнатите трудови, за усната презентација, за соработката на тимот, како и за подгоптвеноста и начинот на кој одговараа на прашања поставени од спртивставените тимови и жирито.
Со студентите се дискутираше и за подобрување на состојбата во правосудството, за аномалиите и начинот на враќање на довербата на граѓаните.

Претходна

Лога- Стирк:Сите учесници на изборниот процес да се однесуваат на највисоко ниво и да обезбедат фер и демократски избори

Следна

Комората за вештаци денеска одржа Основачко собрание