Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Почивај во мир Маја! Никогаш нема да те заборавиме!

Со жалење ја примивме веста за смртта на нашата почитувана и ценета колешка Маја Малјановска. Сочувство за загубата до нејзиното семејство, роднини и пријатели.

Изгубивме добар човек, вреден работник, голем пријател и искрена личност, која секогаш беше подготвена да се жртвува трпеливо,  заради заеднички достигнувања.
 
За нашата драга Маја, колешките и колегите од Министерството говорат со особен пиетет, како за исклучително благородна личност, самопрегорна во работата, со невиден ентузијазам и со длабока правдољубивост, со почит и човекољубие спрема оние со кои соработуваше.
 
И во најсложените мигови зрачеше со оптимизам и ведрина што ги пренесуваше на својата околина. Горди сме што имавме таква колешка која засекогаш ќе остане во нашето сеќавање.
 
Почивај во мир, Маја!
 
Никогаш нема да те заборавиме!

 

 


Претходна

Соопштение за екстрадицијата на Палевски

Следна

После 13 години затворската полиција во КПУ Идризово ќе добие нови униформи