Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда


Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и  владеење на правото.


Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на Законите за Судски совет, за Јавно обвинителство, за Совет на Јавни обвинители, спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на Западен Балкан, Патоказот за владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел-завршување на преговорите како и вклучување на земјите кандидати во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото.


Претходна

Имплементирање на препоракатите од Оценската мисија за Судскиот совет

Следна

Филков во посета на КПУ Идризово - Состојбата во затворите е алармантна