Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители , владеењето на правото и борбата против корупцијата.
На Министерството за правда му претстојат многу предизвици чија крајна цел е зголемување на довербата на граѓаните во правосудството. Таа доверба е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји.
Од страна на Амбасадорот Оцука беа посочени и идентификувани состојбите во правосудниот систем за кои со министерот се согласија дека се потребни брзи и итни реформи. Беше разговарано за конкретни насоки како да се постави правосудството на независна основа.
Оваа година се навршуваат 30 години од билатералната соработка на нашата држава со Јапонија. Предвидено е во наредниот период таа да се продлабочи како и да се разменат искуства од областа на правото.