Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2024>
повтсрчепесане
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

Министерството за правда во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија во Скопје, ја организираше првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите судови Скопје и Штип за Предлог законот за кривична постапка .

 Вакви расправи ќе се одржат и за подрачјата на Апелационите судови во Битола и Гостивар. На настанот присуствуваа судии, обвинители, адвокати, полициски службеници и претставници на граѓанскиот сектор.

Јавната расправа ја отвори заменик министерот за правда Ален Дерабан кој во своето обраќање се осврна на клучните измени на ЗКП чија цел е имплементирање на директивите на ЕУ како и отстранување на недостатоците кои беа детектирани во досегашната примена на законот.

,,Особено значајни се новините кои се однесуваат на замрзнувањето на имот и конфискацијата, електронската достава и дигитализација на кривичната постапка, унапредување на одредбите за посебните истражни мерки и зголемување на ефикасноста, зајакнување на процесните права на жртвите согласно стандардите на Европската унија и Советот на Европа, како и воведување на одредби за задолжително спроведување на финансиските истраги со цел сузбивање на корупцијата и економскиот криминалитет и други значајни новини,”рече Деребан.

Заменик министерот посочи дека справувањето со корупцијата и организираниот криминал се еден од врвните приоритети на оваа Влада а Министерството за правда интензивно работи на унапредување и изнаоѓање на соодветни законски решенија со цел сузбивање на овие појави.


Претходна

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Олег Солдатов и претставници од Програмската канцеларија на Совет на Европа.

Следна

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во РСМ (НКЕУ-МК)