Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Приштина, Р. Косово
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Средба Филков-Хаџиу во Приштина

 Денес  министерот за правда, Игор Филков оствари работна средба со министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, во Приштина

На средбата се разговараше на повеќе теми кои се од интерес на двете држави. Беа разменети искуствата и добрите практики во реформските процеси, кои се движат во ист правец. На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за кој што од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за истото ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Во однос на нивните барања за случајот „Диво насеље“, министерот Филков посочи дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди. 

Двајцата министри ја искажаа својата определба да продолжи соработката помеѓу двете институции во насока на остварување на заедничките заложби.


Претходна

Министерството за правда и Американскиот универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка

Следна

Деребан: Се грижиме за ранливите категории на граѓани, наша обврска е на сите да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми