На средбата се дискутираше за соработката помеѓу двете држави, со акцент на прекуграничната соработка во кривична материја.
Министерот Филков посочи дека помеѓу двете држави не постојат отворени прашања и дека соработката е на задоволително ниво.
Амбасадорот Мејдани истакна дека помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија веќе три децении постојат пријателски односи и дека тоа ќе продолжи и во периодот што следува.
Билатералната соработка меѓу двете држави ќе продолжи и во наредниот период.