Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот за правда Игор Филков упати честитка по повод 31 Март-Денот на македонското правосудство

По повод 31 Март-Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка во која вели дека судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого.
 
 
 
 „Независноста на судскиот систем е темел на правната држава и гаранција за владеење на правото. Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува. Судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого. Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат подеднакво за сите. Правда и одговорност мора да има!
 
 Интегритетот и стручноста на судиите, јавните обвинители, правобранителите, вршителите на јавни овластувања, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, судските службеници и судските советници, судската полиција и сите вработени во судовите се клучни за брза, ефикасна и правична правда. Владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција. 
 
 Честит Ден на македонското правосудство!“
 
Игор Филков, министер за правда

 


Претходна

Министерот за правда, Игор Филков се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.

Следна

Филков и Божовиќ потпишаа изјава за соработка