Целта на Законот е зајакнување на безбедноста во сообраќајот со воведување на посебна постапка за прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата утврдени со помош на технички средства и уреди за снимање преку системот „Безбеден град“, брзо и ефикасно санкционирање на прекршителите и изрекување на санкции што ќе влијае на генерална превенција во областа на безбедноста на сообраќајот.
Со Законот за прекршоците се врши усогласување со Законот за безбедност во сообраќајот каде се пропишани конкретни прекршочни санкции за сторителите на прекршоци од областа на сообраќајот.