Претставник од Министерството за правда учествуваше на регионалната конференција „Поставување на одвраќањето и ресторативните пристапи во центарот“ организирана од УНИЦЕФ и Министерството за правда на Турција. За време на конференцијата имавме можност да го претставиме напредокот на државата и реформите кои беа направени во системот за правда за деца, со фокус на Законот за правда за деца. Се приклучивме кон повикот за акција подготвен од УНИЦЕФ и Република Турција, надоврзувајќи се на нашите колективни напори и заложби, повикувајки на: Пристап на ресторативна правда како основа на системот за детска правда, соодветна употреба на мерката одвраќање колку што е можно повеќе и колку што е можно порано и постапување на сите професионалци водејќи се од најдобриот интерес на детето