Министерството за правда ја информира јавноста дека започнува едукативна кампања под мотото „Наша надлежност, твое право“, насочена кон јасно и разбирливо претставување на неговата улога, надлежности и одговорности во институционалниот систем на државата.
Целта е да ја зголемиме информираноста на граѓаните за тоа како функционира правосудниот систем, каде се позиционира Министерството за правда во истиот, и кои се реалните механизми преку кои Министерството може да делува и да обезбеди владеење на правото и да ги претстави кои се останатите чинители.