Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на УИС, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители. Реакцијата на министерот Филков , ви ја пренесуваме во целост:
Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.
Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата.
Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители.
Правда мора да има и ќе има!
Министер за правда
Игор Филков