Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Денеска Министерството за правда беше место каде што детските прашања добија одговори!

Министерот за правда, Игор Филков со задоволство ги пречека учениците од ООУ „Јан Амос Коменски” кои со голема љубопитност и искрени погледи се интересираа за битни прашања поврзани со правдата и како може најдобро да ја сочуваме. Како што може да се препознаат добрина, љубов и правдата е концепт што се насетува уште од најмала возраст и затоа е битно да се отвораат вакви прашања. 

За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работата на Министерството, клучните надлежности, како и значењето на правдата, владеењето на правото и заштитата на човековите права. 
 
Средбата со министерот беше интерактивна, со отворен разговор и одговори на прашања кои ги интересираа младите учесници.
Правдата не се учи само во училиште – таа се практикува секој ден преку почит, фер однесување и грижа за другите. Овие ученици се доказ дека младите размислуваат, прашуваат и се интересираат за важните општествени теми. Токму затоа е важно институциите да бидат отворени за нив.
 
Министерството за правда продолжува со поддршка на вакви едукативни иницијативи, со цел градење на свесни, одговорни и информирани млади генерации.

Претходна

Филков: Електронските алки не се само технолошки уреди – тие се алатка за реформа

Следна

„Наша надлежност, твое право“, едукативна кампања на МП