Министерството за правда Ве известува дека на ден 03.07.2025 година ќе се спроведе теоретскиот дел од испитот за вештак.
Сите кандидати кои ќе го полагаат испитот за вештак се должни да го пријават своето учество најдоцна до 27.06.2025 година.
Кандидатите се должни кон барањето дадено во прилог, да поднесат и докази за исполнетост на условите за полагање на испитот, и тоа:
- Барање со уплатница за административна такса од 50 денари и уплатница од 9.000 денари за полагање на стручен испит за вештак;
- копиja од лична карта;
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци оригинал или заверена на нотар)
- копија од диплома за завршено високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот систем за трансфер на кредити (ЕКТС) (заверена на нотар);
- потврда дека со правосилна одлука не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- потврда за пет години работно искуство по дипломирањето во соодветната област (оригинал/заверена на нотар).
- Уверение за завршена обука од соодветна област на вештачење, организирана од Комората за вештаци во траење од најмалку 60 часа (заверена на нотар)
- Да се уплати 9.000,00 денари на уплатница ПП/50, со следниве податоци:
- ЕМБГ - ______________________
- Цел на дознака – за полагање на стручен испит за вештак
- Назив на примачот: Министерството за правда
- Банка на примачот: Народна банка на РСМ
- Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095
- Износ 9.000,00 денари
- Сметка на буџетски корисник 070010014063112
- Приходна шифра и програма 723013 10• Да се уплати административната такса на жиро сметка на образец ПП 50
Од десната страна :
- Назив и седиште на примачот: Буџет на РМ
- Банка на примачот: НБРМ
- Трансакциска сметка: 10000000063095
- Уплатна сметка: 840 Шифра на општината 03161
- Приходна шифра и програма: 722313 00
Од лева страна:
- Назив и седиште на налогодавачот: Ваше име и презиме
- Даночен број или ЕМБГ: Вашиот матичен број
- Цел на дознаката: Административна такса за испит на вештаци
Прилог
Дo
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ
ЗА ВЕШТАК
Од кандидатот (Име татково име и презиме)
датум на раѓање во .
Врз основа на член 15 ставови (1) и став (2) од Законот за вештачење (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/23) поднесувам барање за полагање на испит за вештак од областа на .
Во прилог на барањето доставувам докази оргинал или во заверана копија според кој ги исполнувам условите:
1. да сум државјанин на Република Северна Македонија,
2. да имам живеалиште во Република Северна Македонија,
3. да имам завршено високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот систем за трансфер на кредити (ЕКТС),
4. немам изречено забрана за вршење професија, дејност или должност сè додека траат последиците од забраната,
5. да имам најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање стручен испити,
6. да имам завршено обука од соодветна област на вештачење, организирана од Комората во траење од најмалку 60 часа.
Согласно член 18 став (1) од Законот за вештачење (*) приложувам доказ за извршена уплата за полагање на испитот 15 (петнаесет ) дена пред денот определен како ден за полагање на испитот.
Контакт:
Тел: Потпис
Адреса: