Во пресрет на 25 Октомври – Европскиот ден на правдата, министерот за правда Игор Филков оствари средба со Македонското здружение на млади правници, во знак на поддршка и признание за нивната улога во градењето праведно и демократско општество.
Младите правници со својот ентузијазам, знаење и стремеж кон реформи се значаен двигател на правдата и важен партнер во креирањето на политики за владеење на правото.
Разговорот беше посветен на:
-Подобрување на пристапот до правда,
-Улогата на младите во правниот систем,
-Зајакнување на владеењето на правото,
-Вклучување на младите во реформските процеси.
Министерството за правда ја препознава важноста на младите и останува отворено за нивните идеи, иницијативи и активно учество во реформите за подобро, поправедно и поеднакво општество.