Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на свеченоста „Силно светнал ден“, посветена на 35 години од независноста на нашата држава.
35 години Македонија го гради својот пат – низ предизвици, промени, успеси и моменти кои нè потсетуваат дека државата е најсилна тогаш кога сите нејзини граѓани се чувствуваат еднакви, почитувани и вреднувани.
Нашата различност не треба да нè разделува. Таа е богатството што нè поврзува.
Македонија е дом на различни народи, јазици, култури и традиции. Но, пред сè, таа е заедничка татковина и заедничка иднина.
Затоа, нашата задача денес не е само да ја одбележиме независноста што ја создадоа генерациите пред нас.
Нашата задача е да ја градиме Македонија што ќе им ја оставиме на генерациите што доаѓаат.
Македонија во која еднаквоста е вредност, правдата е темел, различностите се сила, а обединетоста е пат кон иднината.