Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Испит за вештаци

Испитот за вештак се полага заради проверка на потребното знаење од соодветната област во согласност со Законот за вештачење  (“Службен весник на Република Македонија”  бр.154/23 и 212/2026), Правилникот за начинот на полагање и системот на оценување на стручниот испит за вештак и според Програма за полагање на теоретскиот дел од испитот за вештак..

 

Контакт лице за испитот за вештаци е:

Николина Микеска Костадиновска

nmikeska@justice.gov.mk

Кој може да полага испит за вештак?

 Испит за вештак може да полага лице коe ги исполнува следните услови:

• да е  државјанин на Република Северна Македонија,

• има живеалиште во Република Северна Македонија,

• да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)),

• со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната,

• да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во соодветната област и

• да има завршено обука од соодветна област на вештачење, одранизирана од Комора на вештаци во траење од најмалку 60 часа.

 

Кога може да се полага?

Испитот за вештак согласно закон се спроведува најмалку двапати годишно.

Пријавувањето за испитот се врши по објавување на оглас на интернет страницата на Министерство за правда, во предвидениот рок со поднесено барање за полагање на испит за вештак.

Заедно со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да достави и докази за исполнување на условите од законот за полагање на испитот за вештак.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот за вештак се информираат за датумот и времето на полагање на испитот преку интернет страната на Министерството за правда. 

 

Колку изнесуваат трошоците за полагање на стручниот испит за вештак?

Трошоците за полагање на испитот за вештак ги сноси кандидатот. Висината на надоместокот за полагање на испитот изнесува 9,000. денари.

Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за правда.

Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметката на Министерството за правда  (види подолу), на кандидатот не му се дозволува полагање на испитот.

Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат на кандидатот.

 

 ***************************************************************

Уплата за испит за вештак 9.000,00 денари на уплатница ПП/50 (КТБ), со следниве податоци:

• ЕМБГ - ______________________

• Цел на дознака – за полагање испит за вештак

• Назив на примачот: Министерството за правда

• Банка на примачот: Народна банка на РСМ

• Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095

• Износ 9.000,00 денари

• Сметка на буџетски корисник 070010014063112

• Приходна шифра и програма 723013 10

 

Административната такса на жиро сметка на образец ПП 50 (КТБ):

Цел на дознака: полагање на стручен испит за вештак. 

Назив на примачот: Министерството за правда 

Банка на примачот: Народна банка на РМ 

Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095 

Износ: 50 денари 

Уплатна сметка: 840 Шифра на општина: 03161

Приходна шифра и програма: 722313-00 

[Постои опција за плаќање со ПОС терминал.]

****************************************************************

Начин на полагање?

Испит за вештак се полага во два дела и тоа:

- прв  дел (теоретски), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите  и

- втор  дел (устен дел), со кој се проверува практичната способност на кандидатите.

Првиот дел од испитот се полага писмено, со одговарање определен број на прашања. Теоретскиот дел од испитот се полага според Програма за полагање на теоретскиот дел од испитот за вештак, во која се содржани материјалот, прописите и литературата. 

Кандидатот го положил првиот дел од испитот ако е оценет со „добро“. Доколку кандидатот е оценет со „слабо“ се смета дека не го положил теоретскиот дел од испитот за вештак и не може да продолжи со полагање на практичниот дел од испитот за вештак.

Ако кандидатот го положи првиот дел од испитот му се овозможува  полагање на вториот дел од испитот. 

Вториот дел од испитот се состои од практичен пример (изработено вештачење) и негова усмена одбрана. Базата на практични примери со кои се проверува практичната способност на кандидатите за вештаци од соодветната област се објавува на интернет страната на Комората на вештаци. Практичниот дел се оценува со „положил“ и „не положил“. Кандидатот чија практичен дел е оценет со „Не положил“ се смета дека не го положил испитот за вештак.

На кандидатот кој го положил испитот за вештак му се издава уверение за положен испит во рок од 15 дена од денот на завршувањето  на испитот.

 

Каде се објавуваат резултатите од испитот ?

Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот за вештак се објавуваат на интернет страната на Министерство за правда. 

 

Што по положениот испит?

Лицето кое положило испит за вештак, до Министерството за правда може да поднесе барање за издавање на лиценца за вештачење во соодветна област.Заедно со барањето се плаќа административна такса од 50 денари и 600 денари административна такса за издавање на лиценца за вештачење.

Лицата на денот на добивањето на лиценцата за вештачење, пред министерот за правда и пред претседателот на Комората, даваат заклетва.

Вештакот може да се осигурат од одговорност на штета, која може да ја причини  при вршење на вештачењето кон нарачателот или кон трето лице.

         

 

 

 

Мени за пристапност