Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Бесплатна правна помош

Бесплатна правна помош може да биде дадена како примарна правна помош и секундарна правна помош.

 

*Примарната правна помош што ја дава Министерството опфаќа:

- иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош;

- општа правна информација;

- општ правен совет;

- помош при комплетирање на барањето за секундарна правна помош.

Примарната правна помош може да биде дадена од страна на Министерството за правда, како и подрачните одделенија на Министерството за правда, овластеното здружение и правната клиника.

Право на примарна правна помош имаат сите физички лица кои имаат живеалиште или престојувалиште на територија на Република Северна Македонија.

 

*Секундарна правна помош се одобрува на лице кое има потреба од стручна правна помош од адвокат за конкретна правна работа и кое не е во можност да ги плати трошоците на постапката заради неговата финансиска состојба и чие барање е оправдано.

Секундарна правна помош ја даваат адокатите и таа се состои од застапување  во граѓанска судска постапка, застапување во управни постапки пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, застапување пред надлежен нотар во постапка за расправање на оставина итн.

 

Кои услови треба да ги исполни барателот на бесплатна правна помош?

-месечниот приход на барателот кој живее сам не го надминува износот на минималната нето плата во Република Северна Македонија, утврдена со прописите од областа на минималната плата;

- месечниот приход на барателот кој живее во заедничко домаќинство со членовите на неговото семејство не го надминува износот на минималната нето плата и месечниот приход на секој нареден член на семејството не го надминува износот од 20% од минималната нето плата утврдена со прописите од областа на минималната плата.

Притоа, како приход не се смета:

- паричен надоместок за помош и нега од друго лице;

- родителски додаток за дете;

- детски додаток и посебен додаток;

- надоместок за телесно оштетување;

- социјална парична помош;

- постојана парична помош;

- еднократна парична помош и помош во натура;

- паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко семејство;

- еднократна парична помош за новороденче;

- законска издршка за дете која се усогласува со порастот на трошоците за живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година;

- парична помош за социјално домување;

- надоместок за попишувач за извршување на работи во врска со спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија на носителот и членовите на домаќинството;

- стипендија;

- средства одобрени од надлежна институција за медицинско лекување во странство;

- додаток за глувост;

- додаток за слепило и мобилност;

- надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот и

- парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска гриж.

 

Секундарна правна помош ќе му се одобри на барателот, доколку врз основа на доставената изјава за финансиска состојба на барателот и членовите на неговото семејство, се утврди дека:

-барателот на правна помош и членовите на неговото семејство имаат во сопственост само еден едностанбен објект или стан како посебен дел од зграда во кој живеат;

-барателот и членовите на неговото семејство имаат во сопственост една или повеќе физички поврзани катастарски парцели со вкупна површина не поголема од 300 м² во град Скопје или 500 м2 во општините во Република Северна Македонија, односно една или повеќе катастарски парцели со вкупна површина не поголема од 5000 м² во рурални средини;

- имаат само едно регистрирано моторно возило чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 1 200 кубни сантиметри.

 

 

ЗАКОНИ

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

 

  1. Правилник за постапување со барање за бесплатна правна помош (Сл. весник, бр, 214/19)
  2. Правилник за формата и содржината на барањето за секундарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  3. Правилник за образецот на барањето за бесплатна правна помош во постапка за признавање на право на азил (Сл. весник, бр. 199/19)
  4. Правилник за образецот на трошковникот за дадената секундарна правна помош од адвокат (Сл. весник, бр. 199/19)
  5. Правилник за образецот на трошковникот за дадената секундарна правна помош од страна на адвокат во постапка за признавање на право на азил (Сл. весник, бр. 199/19)
  6. Правилник за начинот за назначување на адвокат (Сл. весник, бр. 199/19)
  7. Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за запишување во регистарот на адвокати за секундарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  8. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на адвокати за секундарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  9. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на здруженија овластени за давање примарна правна помош и регистарот на правни факултети овластени за давање примарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  10. Правилник за минималните просторни и технички услови кои треба да ги исполнуваат здруженијата заради запишување во регистарот на здруженија овластени за давање примарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  11. Правилник за содржината, формата и начинот на водење евиденција за податоците што се однесуваат на решавањето на поднесените барања за секундарна правна помош и содржината на извештаите (Сл. весник, бр. 199/19)
  12. Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденција за податоците што се однесуваат на дадената примарна правна помош од давателите на примарната правна помош и содржината на извештаите кои ги доставуваат здруженијата и правните клиники до Министерството за правда (Сл. весник, бр. 199/19)
  13. Правилник за формата и содржината на барањето за упис во Регистарот на здруженија овластени за давање примарна правна помош и во Регистарот на правни факултети овластени за давање примарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  14. Правилник за образецот на трошковникот за обемот на извршената работа од здруженијата и правните клиники (Сл. весник, бр. 199/19)
  15. Тарифа за надомест на трошоците за работа на здруженијата и правните клиники за давање на примарна правна помош (Сл. весник, бр. 199/19)
  16. Правилник за начинот на распишување и спроведување на јавниот конкурс, проверката на поднесените документи, начинот на бодување при оценување на пријавите за доделување на финансиски средства за давање на примарна правна помош на овластените здруженија и правните клиники и вршењето контрола на трошењето на средствата (Сл. весник, бр. 199/19)
  17. Правилник за формата и содржината на образецот на трошковникот за наградата и надоместокот за извршено вештачење и супервештачење за субјектите кои вршат вештачење (Сл. Весник, бр. 129/25)
  18. Упатство за примена на Законот за бесплатна правна помош во однос на вршењето вештачење за корисници на секундарна правна помош

 

  1. Трошковник за наградата и надоместокот за извршено вештачење/супервештачење за субјекти кои вршат вештачење
  2. Барање за секундарна правна помош
  3. Евиденција за податоците што се однесуваат на дадената примарна правна помош и содржина на извештаите кои ги доставуваат здруженијата и правните клиники до Министерството за правда
  4. Барање за упис во регистарот на здруженија овластени за давање примарна правна помош - прилог 1
  5. Барање за упис во регистарот на здруженија овластени за давање примарна правна помош - прилог 2
  6. Регистар на здруженија овластени за давање примарна правна помош и Регистарот на правни факултети овластени за давање примарна правна помош
  7. Пријава за проект за обезбедување примарна правна помош и Тримесечен наративен и финансиски извештај
  8. Трошковник за обемот на извршената работа од здруженијата и правните клиники
  9. Евиденција за податоците што се однесуваат на решавањето на поднесените барања за секундарна правна помош и содржината на извештаите
  10. Барање за запишување во регистарот на адвокати за секундарна правна
  11. Трошковник за дадената секундарна правна помош од адвокат
  12. Трошковник за дадена правна помош на деца од адвокат
  13. Трошковник за дадена секундарна правна помош во постапка за признавање на право на азил
  14. Барање за бесплатна правна помош во постапка за признавање на право на азил
  15. Барање за запишување во регистарот на адвокати за секундарна правна помош

 

Мени за пристапност