Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честит Меѓународен ден на човековите права

Честит Меѓународен ден на човековите права

Денес, на Меѓународниот ден на човекови права, се сеќаваме  на нашата заедничка одговорност да се бориме за достоинството, слободата и еднаквоста на секој човек.

Човековите права не се само основни права, туку и темел на секое праведно општество.

На овој ден  во 1948 се донесе Универзалната декларација за човекови права.

Законите и правната рамка за човековите права штитат од злоупотреби, прекршувања и други повреди, обезбедувајќи дека секој  може да живее со достоинство и почит.

Министерството за правда работи  на постојано подобрување на правниот систем и јакнење на правото на секој поединец да се чувствува слободен, сигурен и еднаков пред законот.

Заштитувајќи ги нашите права, ја штитиме нашата иднина.

 
Само со  заеднички сили можеме да изградеме општество во кое правата на секој човек се почитуваат и обезбедуваат.

Мени за пристапност