Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со Катерина Михајлова, директорка на ЈП „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Се разговараше за актуелните прашања и за важноста на континуираната институционална координација и комуникација.
Добрата соработка меѓу институциите е важна за поефикасни и пофункционални процеси.