Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда.
Членовите на Работната група ги разгледаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои беше постигнат консензус се прифатени и соодветно вградени во предложените решенија. Воедно беа разгледани и предлозите доставени од политичките партии и надлежните државни институции.
Целта на предложените измени е понатамошно усогласување на изборното законодавство со меѓународните стандарди, јакнење на правната сигурност, унапредување на транспарентноста на изборниот процес и имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Со тоа се создаваат услови за дополнително зацврстување на демократските процеси и јакнење на довербата на граѓаните во изборниот систем.
Работната група констатираше дека е постигнат значителен напредок во подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Најголемиот дел од клучните прашања се веќе разгледани, а во наредниот период ќе продолжи усогласувањето на преостанатите предлози со цел подготовка на конечниот текст.
Следната седница на Работната група е закажана за четврток, на која ќе бидат разгледани  останатите отворени прашања и ќе се финализираат предложените решенија. Се очекува во краток рок да биде подготвен сеопфатен предлог-текст на измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој ќе ги одразува постигнатите усогласувања и прифатените препораки.

Мени за пристапност