Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ на која се разговараше за реформите во изборното законодавство

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ на која се разговараше за реформите во изборното законодавство

Посебен акцент беше ставен на  улогата на ДКСК во унапредување на транспарентноста и интегритетот на изборниот процес. Комисијата ќе подготви конкретни предлози и сугестии, кои ќе бидат доставени до работната група задолжена за подготовка на реформите во изборното закондавство.
Состанокот е дел од поширок процес на консултации и соработка со релевантните институции и организации, меѓу кои Државната изборна комисија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и граѓанскиот сектор.
Преку инклузивен пристап и партнерство, продолжуваат заложбите за градење фер, транспарентен и демократски изборен систем.

Мени за пристапност