Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза

На маргините на министерската конференција во Валета, Малта, на тема „За јакнење на соработката во борбата со транснационалниот криминал“, министерот за правда Игор Филков оствари средба со колегата, министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза.

На средбата се разговараше за состојбите на државите кои заеднички се наоѓаат на патот кон големото европско семејство. Притоа беше заклучено дека двете држави немаат меѓусебни отворени прашања и проблеми, но се соочуваат со исти предизвици за трансформација на системите и реформи во правосудниот сектор.

Министрите се договорија дека е неопходна поинтензивна соработка и почести средби со цел размена на искуства, дилеми и можни решенија за предизвиците со кои се соочуваат двете земји. За таа цел, прелиминарно се договорија за организирање на билатерална конференција со вклучување на повеќе чинители од двете држави.

Мени за пристапност