Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на тркалезната маса на тема: „Унапредување на изборните реформи во Северна Македонија – од препораки до имплементација“

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на тркалезната маса на тема: „Унапредување на изборните реформи во Северна Македонија – од препораки до имплементација“

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на тркалезната маса на тема: „Унапредување на изборните реформи во Северна Македонија – од препораки до имплементација“, во организација на проектот „Програма за поддршка на изборите во Северна Македонија“, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), како и ОДИХР преку проектот „Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.
Во обраќањето, министерот Филков рече дека изборните реформи претставуваат клучен сегмент од демократскиот развој на државата и темел за зајакнување на довербата на граѓаните во институциите и изборниот процес. 
Министерството за правда пристапи кон овој процес сериозно, транспарентно и инклузивно. Измените на Изборниот законик се подготвени врз основа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, формирана е работна група со учество на сите парламентарни политички партии и независни пратеници, а паралелно се спроведени и широки консултации со релевантните институции и граѓанскиот сектор. 
,,Сепак, за спроведување на суштински изборни реформи неопходен е широк политички консензус. Во таа насока, Министерството за правда изразува жалење за одлуката на СДСМ да ја напушти Работната група во момент кога се носат клучни одлуки, што претставува повлекување од реформскиот процес и негова блокада. Се очекува оваа одлука да биде преиспитана во интерес на европската интеграција на државата и пред сè, во интерес на граѓаните”,потенцира министерот за правда Игор Филков. 
Министерството за правда останува посветено на водење инклузивен процес, базиран на отворен дијалог и заедничко носење одлуки. Ќе продолжи активно да го предводи процесот на изборни реформи, со цел обезбедување фер, демократски и кредибилни избори. 
Министерството останува отворено за соработка и подготвено да ги разгледа и вгради сите конструктивни предлози во насока на унапредување на изборното законодавство.

Мени за пристапност