Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за правда Игор Филков во Валета, Малта, учествуваше на конференцијата „За јакнење на соработката во борбата со транснационалниот криминал“

Министерот за правда Игор Филков во Валета, Малта, учествуваше на конференцијата „За јакнење на соработката во борбата со транснационалниот криминал“

Министерот за правда Игор Филков во Валета, Малта, учествуваше на конференцијата „За јакнење на соработката во борбата со транснационалниот криминал“ на министрите за правда, на која учествуваа земјите членки на Советот на Европа.

Министерот, заедно со неговите колеги од 43 земји членки, дискутираше на три теми во однос на јакнењето на меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал, меѓу кои: модернизирање на судската соработка преку дигитални алатки, новите предизвици за примена на правото во меѓународната соработка и лимитирање на безбедниот простор за транснационален криминал преку јакнење на судската соработка и синергијата меѓу националните власти.

Разговарајќи за следните чекори во меѓународната соработка во кривичната постапка, министерот истакна дека, соочени со забрзаниот технолошки развој, глобалните кризи, војни и конфликти од една страна, како и софистицираните методи на криминалот кој постојано наоѓа нови начини за спроведување на своите активности и кој притоа не познава граници, неопходно е да се унапреди меѓународната соработка.

Токму затоа, министерот ја нагласи определбата дека е неопходно да се модернизираат начините на меѓународна соработка и тоа преку електронската комуникација, видео конференции, следење на комуникации, како и најчувствителната мерка – пресретнување на комуникациите.

Сепак, со оглед дека длабоко се навлегува во сферата на човековите права, неопходно е креирање на јасни правила за координација и баланс помеѓу ефикасната истрага и заштитата на човековите права.

Мени за пристапност