Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обединетото Кралство и Македонија со заеднички напори за посилно владеење на правото

Обединетото Кралство и Македонија со заеднички напори за посилно владеење на правото

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивангнам, на која беа разменети мислења за тековните активности и претстојните чекори во реформата на правосудниот систем.
Амбасадорката Сивангнам беше запознаена со реформската агенда на Министерството за правда, како и со започнувањето на стручните расправи за новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка. Овие законски решенија отвораат ново поглавје во унапредувањето на кривично-правната рамка, а стручната дебата е важен дел од процесот на нивно креирање и усовршување.
Посебно значење има размената на искуства и експертската поддршка во процесите што носат законски и институционални промени. Досегашната соработка со Обединетото Кралство претставува важна основа за натамошна реализација на реформските приоритети.
Остануваме посветени на спроведувањето на реформските приоритети, модернизацијата на правосудството и создавањето ефикасен систем заснован на правна сигурност и владеење на правото.

Мени за пристапност