Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарска Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер.
Се разговараше за реформската агенда во правосудството, унапредувањето на изборното законодавство и тековните евроинтегративни процеси на Северна Македонија. Министерот Филков ја истакна посветеноста на институциите кон спроведување на реформите во насока на зајакнување на владеењето на правото и усогласување со европските стандарди.
Амбасадорот Зомер го запозна министерот со Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија, при што беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката во области од заемен интерес.
Беше констатирано дека меѓу двете држави нема отворени прашања, а односите се темелат на пријателство, меѓусебна доверба и партнерство.
Во наредниот период ќе се интензивира соработката и размената на искуства во насока на поддршка на реформските процеси и европската перспектива на државата.