Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Поддршката од Обединетите нации клучна за реформите во правосудството

Поддршката од Обединетите нации клучна за реформите во правосудството

Министерот за правда, Игор Филков, оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за унапредување на владеењето на правото, реформските процеси и законските решенија што ги подготвува Министерството за правда. Подготвени се 30 законски решенија насочени кон зајакнување на правниот систем, зголемување на институционалната ефикасност и унапредување на правната сигурност.
Посебен акцент беше ставен на континуираната поддршка и експертска помош, продлабочувањето на меѓусебната соработка, како и реализацијата на заеднички обуки и активности за јакнење на професионалните капацитети.
Со оваа соработка се потврдува заедничката определба за градење ефикасен правосуден систем, во согласност со меѓународните стандарди и во интерес на сите граѓани.

Мени за пристапност