Министерството за правда подготви измени на Правилникот за начинот на полагање на правосудниот испит, со јасен фокус на унапредување на транспарентноста во целиот процес.
Со предложените решенија, резултатите од усниот дел ќе се соопштуваат јавно, пред сите кандидати, веднаш по завршување на полагањето.
Усниот дел ќе се спроведува во групи, а по завршување на полагањето Комисијата јавно ќе ги соопштува резултатите за секоја група.
Со ова решение се очекува да се зајакне довербата во процесот на полагање на правосудниот испит.