Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог-законот за судовите е објавен на ЕНЕР

Новото законско решение претставува еден од клучните реформски чекори за модернизација на судскиот систем. Целта е да се создаде поефикасно, понезависно и поодговорно судство, преку подобра организација на судската мрежа, зајакнување на независноста на судиите и унапредување на механизмите за судиска одговорност.

Најзначајни новини:

- Се предлага оптимизација на судската мрежа преку реорганизација на основните судови и поефикасно организирање на апелационите судови, со цел рамномерна распределба на предметите, намалување на заостанатите предмети и побрз пристап до правда за граѓаните;

- Се воведуваат нови законски гаранции за заштита на независноста на судството преку механизми за спречување на недозволено влијание врз судиите при вршењето на судиската функција;

- Се воспоставува појасен, потранспарентен и пообјективен систем за утврдување на судиската одговорност и спроведување на дисциплинските постапки, во согласност со европските стандарди;

- Се создаваат услови за поефикасно функционирање на судскиот систем и поцелосно остварување на правото на правично судење.

Со овие реформи се зајакнуваат владеењето на правото, независноста и ефикасноста на судството, а истовремено се придонесува кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и исполнување на европските стандарди во областа на правосудството.

Мени за пристапност