Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог-Законот за судски буџет е објавен на ЕНЕР

Министерство за правда Министерство за правда

Новото законско решение има за цел да ги зајакне законските гаранции за независно и самостојно управување со судскиот буџет, утврден во висина од 0,8% од БДП, со што се обезбедува финансиска и функционална независност на судството во согласност со европските стандарди.
 
Со Предлог-законот се унапредуваат надлежностите на Судскиот буџетски совет, кој ќе има значајна улога во планирањето, управувањето и надзорот на средствата наменети за судската власт.
 Најзначајни новини:
  Судскиот буџетски совет ќе располага со издвоен и независен буџет на судската власт;
  Самостојно ќе управува со законски утврдениот минимум од 0,8% од БДП и ќе одлучува за финансиските потреби на судовите и другите институции кои се финансираат од судскиот буџет;
  Средствата наменети за финансирање на судската власт нема да можат да се намалуваат без согласност на Судскиот буџетски совет;
  Советот ќе дава финансиска согласност за годишните планови за вработување и за пополнување на работни места во рамки на обезбедените средства;
  Ќе донесува предлог - одлука за вредноста на бодот и начинот на утврдување на платите на вработените во судската власт;
  Ќе спроведува централизирани постапки за јавни набавки за единките корисници на судскиот буџет;
  Се зајакнуваат капацитетите на судството преку кадровска екипираност, обезбедување човечки ресурси и капитални инвестиции.
  Со овие измени се создаваат услови за поголема финансиска независност на правосудството, што претставува важен чекор кон зајакнување на независноста, ефикасноста и интегритетот на судството во согласност со европските вредности и меѓународните стандарди.

Линк до ЕНЕР: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=113467

Мени за пристапност