На денешната средба на министерот за правда, Јетон Шасивари со в.д. директорот Нухи Алиу и претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија, беа разгледани актуелни прашања од значење за деловната заедница, пред сè за унапредување на институционалната соработка и законодавната агенда.
Посебен акцент беше ставен на Предлог-законот за извршување, кој е објавен на ЕНЕР и е отворен за коментари, предлози и сугестии од сите засегнати страни.
Целта на новото законско решение е да се создаде поефикасен, потранспарентен и поправеден систем на извршување, кој ќе придонесе за поголема правна сигурност, владеење на правото и заштита на интересите на граѓаните.
Министерот Шасивари и соговорниците се согласија дека соработката меѓу Министерството за правда и деловната заедница ќе продолжи преку отворен дијалог и партнерски пристап, со цел унапредување на законските решенија и создавање поефикасно и посигурно деловно опкружување.