Вечерва во Владата се одржа состанок посветен на Реформската агенда, со фокус на тековните активности, приоритетите и следните чекори за спроведување на реформите.
Министерството за правда има значајна и конкретна улога во Реформската агенда, во рамки на областа на владеењето на правото.
Нашите приоритети се јасни: поефикасна правда, посилни институции, правна сигурност и примена на европските стандарди.
Реформите не се само обврска во процесот на европската интеграција. Тие се пред сè одговорност кон граѓаните и основа за градење држава во која законите се применуваат еднакво за сите.
Секој реализиран чекор од Реформската агенда е чекор кон поправеден систем, посилни институции и побрз пат кон Европската Унија.